
Пороен дожд на места и над 30 литри на метар квадратен, најавува УХМР за петок и сабота. Пообилни врнежи ќе има во петок во вечерните часови особено во западните и јужните делови.
Во сабота дневната температура ќе опадне за пет до шест степени, а од недела се очекува стабилизирање со повторен пораст на дневната температура.