
Акцијата ќе се спроведе поодделно по урбани заедници според датумот и времето предвидено за одложување на отпадот според следната динамика:
20. 05. 2016 година од 07:00 – 11:00 часот: У.З. Цветан Димов, У.З. Бирарија, У.З. Црниче, У.З. Пржино и У.З. 11-ти Октомври – згради
21.05.2016 година од 07:00- 11:00 часот: У.З. Кисела Вода, У.З. Расадник, У.З. 11-ти Октомври – бараки, У.З. Пинтија, У.З. Бобан Трпков-Драчево, М.З.село Драчево .
Ги замолуваме граѓаните отпадот да го одложуваат во точно предвидените термини пред своите домови, колективните згради на пошироките улици, а притоа да не се загрозува сообраќајот за автомобилите и пешаците.
Кабаст отпад опфаќа секаков вид на домашен смет освен градежен шут и комунален смет.