
Од Министерството потенцираат дека официјалните ставови од областа на имунизацијата ги носи исклучиво Министерството за здравство како единствена надлежна институција за имунизација во државата, а во согласност со највисоките стандарди и препораки на СЗО.
Имунизацијата е клуч на јавното здравје и со високиот опфат во државата се обезбедува континуирана стабилна епидемиолошка состојба и колективен имунитет. Токму како резултат на високиот опфат на имунизација, во Република Македонија со години наназад е искоренета вариола вера (големи сипаници), нема случај на дифтерија од 1978 година, елиминација на полиото (детска парализа) од 1987 година, а останатите вакцинопревентабилни заболувања се јавуваат спорадично со поединечни случаи, стои во соопштението