
За овој проект ќе ви биде потребно парче ткаенина (идеално би било парче кожа), ножици, креда за цртање и лепак.
Ресите се апсолутен хит меѓу познатите дами. Како совршен детал се присутни речиси секаде – на чантите, чизмите, елеците, џемперите, модните додатоци, но некако најинтересни се оние на чевлите.
Доколку имате обичен пар чевли, можете да ги освежите со реси. Постапката е мошне едноставна и нема да ве чини многу.
- Измерете го ременот на сандалите.
- Измерете ја ткаенината и исцртајте ги ресите со креда.
- Исечете ги ресите со ножици.
- Ставете лепак на горниот раб на ткаенината.
- Залепете го парчето на ременчето на сандалите.
За детални упатства погледнете ги приложените видеа: