
Тогаш Груевски вети дека ќе се разгледа можноста да се аплицира за средства преку Агенцијата за финансиска поддршка за земјоделието.
-Дел од уличките правиме сега, дел ќе гледаме да ги направиме во иднина, им рече Груевски на граѓаните.
Ова ветување не беше заборавено и покрај сите случувања врзани со политичката криза. Во Стацин почнаа градежните работи и ветувањето се исполни со голема брзина, на задоволство на жителите.
Градоначалникот на Кратово информира дека многу брзо граѓаните ќе ги добијат пристапните патишта кои ги бараа и им беа потребни.
-Вчера во маалото Лепановце се асфалтираше улица во должина од 400 метри. Овие пари се обезбедени преку Владата на Република Македонија, односно преку Агенцијата за финансиска поддршка за земјоделието. Ние ја искористивме можноста да аплицираме за мерката. Истовремено преку Агенцијата се работи и на изградба на локалниот пат од село Шопско Рудариво со манастирот Кладенци. Во моментов се врши тампонирање на патот и во наредните 15-20 дена ќе биде завршено асфалтирањето, вели градоначалникот Мите Андоновски.
Исто така преку Агенцијата за финансиска поддршка за земјоделието обезбедени се 20 милиони денари за асфалтирање на локалниот пат од село Каврак до браната Злетовица.