
Како што соопштија од Министерството за одбарана, на свеченоста ќе се обрати министерот за одбрана Зоран Јолевски.
Дел од постановката на платото пред Воениот музеј ќе бидат стари полски кујни во импровизиран војнички камп, а на посетителите ќе им биде послужувано војничко гравче.
Изложбите се организираат по повод „Европската ноќ на музеите 2016 година“.