
Мексико одобри екстрадиција на нарко босот Хоакин Гусман познат под прекарот Ел Чапо во САД, каде би му се судело за трговија со наркотици и убиство, соопшти мексиканското МНР.
– Мексиканската Влада одобри меѓународно испорачување на Гусман на владата на САД, за да му се суди таму, се наведува во соопштението на Министерството.
Лидерот на мексиканскиот картел од Синалоа е уапсен во почетокот на годинава. Акцијата на апсење ја извршија мексикански маринци во градот Лос Мохис во државата Синалоа.