
Под мотото „Дали го знаеш твојот број?“ ќе се врши бесплатно мерење на крвниот пристисок со делење совети и брошури од страна на стручни лица.
– Семејната медицина е најдобриот начин да се подобри здравјето на поединецот, семејството и заедницата. Постојат многу докази дека здравствените системи базирани на јака примарна заштита, што вклучува силна семејна медицина, се најефикасни, праведни и трошоците се најмали. Секое семејство треба да има семеен лекар на кој му верува секој член од семејството за здравствена грижа и совет, велат од Здружението.
Светскит ден на семејниот лекар – 19 мај, првпат објавен во 2010 година од страна на Светското здружение на семејните лекари, стана ден кој ја истакнува улогата и придонесот на семејните лекари во здравствените системи во целиот свет.
Во рамки на овој настан ќе се одбележи и Светскиот ден на хипертензија – 17 мај, со поддршка и на Светската здравствена организација и Министерството за здравство на Република Македонија.