
Во отвореното стидио на ТВ Нова Александар Пандов, покрај за улогата на Граѓанското движење за одбрана на Македонија, говореше и за актуелната политичка криза во земјава.
Тој истакна дека Зоран Верушевски и Зоран Заев се оние кои ја повлекоа Македонија во политичка криза.
-ГДОМ стартуваше лани истовремено кога се случија „бомбите“. Улогата на ГДОМ се сотои во тоа што најдирекно им се обраќаме на луѓето за да им објасниме кои се политички потези кои ги влечат одредени политичари. Во купот на аболицирани беа двајца кои не треба да бидат – Зоран Верушевски и Зоран Заев. Тоа се луѓето кои ја повлекоа Македонија во политичка криза, истакна Пандов во отвореното студио на ТВ Нова.
Според него во однос на аболицијата се нудат две можности. Едната е Иванов да го повлече помилувањето, или секој сам да го направи тоа.
Пандов смета дека Никола Груевски треба да се врати на премиерска позиција.