Аферата „Платеничка револуција“ на СДСМ открива уште поголема нова фабрика на новинари платеници

Дел од аферата платеничката револуција се и новинарите Билјана Секуловска од Нова ТВ, која инкасирала по 7.290 денари од Центарот за развој на медиуми во 2014-та година, а истата година од истата организација се офајдил и уредникот на ФОКУС, Зоран Димитровски.

Предраг Петровиќ
Предраг Петровиќ

Од Центарот за развој на медиуми земал пари и новинарот и сопственик на сајтот А1 Он, Предраг Петровиќ, кој освен поддршката за сајтот земал и додатни 7.290 денари.

Поранешната уредничка на порталот Телеграф, која сакаше да се прогласи за жртва и го напушти местото на кое работеше поради наводни притисоци кои се коселе со нејзините етички стандарди, Ивана Костовска, за својот активизам си добивала и финансиска надокнада од 19.790 денари од соросовата Центар за развој на медиуми.

Ида Протуѓер
Ида Протуѓер

Ништо полошо не поминала и новинарката Ида Портуѓер која од НВО Инфо Центарот во 2014-та година земала 17.778 денари, а минатата година инкасирала пари и од Центарот за развој на медиуми.

Ризаов на Фејсбук споделува фотографии од сквернавењето на фонтаната „Воин на коњ“
Ризаов на Фејсбук споделува фотографии од сквернавењето на фонтаната „Воин на коњ“

Пари од соросовата Метаморфозис во висина од над 340.000 денари земал минатата година и новинарот Горан Ризаов инаку син на новинарот Ерол Ризаов. Од Метаморфозис за истиот период пари земала и Оливера Војновска од Утрински весник во висина од 45.079 денари.

Мери Јордановска, Бранко Героски, Драган Антоновски, Зоран Бојаровски на трибините на СДСМ пред Влада
Мери Јордановска, Бранко Героски, Драган Антоновски, Зоран Бојаровски на трибините на СДСМ пред Влада

Новинарот Зоран Бојаровски кој што е и колумнист на Слободен Печат и Плус Инфо, минатата година инкасирал 174.838 денари од Соросовата ФОРУМ ЦСИД, а пари земал и од Центарот за развој на медиуми. Дополнително претходната фискална 2014-та година во три наврати од ФОРУМ на СОРОС земал вкупно 165.448 денари.

Зекири и Заев
Зекири и Заев

Пари за својот активизам земал и главниот уредник на новата ТВ Шења, Мухамед Зекири, кој минатата 2015-та година од ФОРУМ ЦСИД земал на два пати по 8.520 денари. Од истата оваа соросова организација пари земале и новинарите Сашка Цветковска од НОВА ТВ, како и Огнен Јаневски од ТВ 24Вести, е и ќесток поборник за правата на ЛГБТ заедницата.

Мери Јордановска со Шилегов
Мери Јордановска со Шилегов

Пари земал и Јофе, односно Јован Постоловски од порталот Либертас. Тој во 2014-та година од Центарот за развој на медиуми си инкасирал по 7.290 денари, а од истото место пари земал во 2015-та година и новинарот на Телма, Дарко Чекеровски, додека пак новинарката Мери Јордановска остварила приход од сoросoвата ЦИВИЛ во 2014-та година.

Фиљана Кока
Фиљана Кока

Интересен е фактот што и покрај обвинувањата на опозицијата дека Јавниот Сервис МРТВ е под жестоко влијание на Власта, постојат новинари од овој медиум кои се на платниот список на соросовите медиуми. Новинарката Фиљана Кока во последните две години инкасирала примања од соросовиот Центар за развој на медиуми од по 3.750 денари.