Кој е вашиот несуден партнер според хороскопот?
На Овните не им одговараат Близнаците, Рибите и Девиците
Припадниците на овој знак се секогаш отворени за љубов и нови искуства, а често пати влегуваат во љубовни врски пред добро да го запознаат партнерот. Не сакаат луѓе кои глумат и претерано се жалат, затоа што сакаат самоуверен настап. Најлоша љубовна врска имаат со Рибите кои се пречувствителни, со Близнаците кои постојано се караат и со Девиците кои се претерано комплицирани за нив.
Бикот не се согласува со Овенот, Стрелецот и Близнаците
Припадниците на овој знак се одлични во долги врски, но додека го запознаат вистинскиот партнер, сакаат да уживаат во кратки, безначајни афери. Ги одбиваат трачевите и оние кои се плеткаат во туѓи животи. Најлоша љубовна комбинација за Биковите се слободните Стрелци кои си ја сакаат независноста. Лош избор се и Близнаците, кои се премногу немирни и Овните кои постојано запаѓаат во објаснувања и расправии.
За Близнаците најлоши партнери се Биковите, Раковите и Рибите
Припадниците на овој знак се лесно заљубливи, но подеднакво брзо се разочаруваат и го напуштаат партнерот. Ги одбиваат луѓе со кои немаат многу заеднички теми и оние кои се лесно предвидливи. За Близнаците најлош партнер е Бикот, кој не ги цени доволно туѓите потреби. Исто така, Ракот е премногу стабилен и предвидлив за Близнаците, додека емоциите на Рибите претерано ги гушат.
Ракот е лоша комбинација со Овен, Близнак и Стрелец
За Раковите љубовта е најубавиот животен момент, па затоа бараат партнер кој е способен да се труди. Ги одбиваат егоистични партнери кои не покажуваат доволно почит за нив. Раковите најлошо се сложуваат со Стрелците заради несигурноста, љубомората и расправиите кои се јавуваат со текот на времето. Лоша комбинација се и со Близнаците кои се нестабилни, како и Овните кои се сконцентрирани само на себе.
На Лавот не му одговараат Близнаци, Јарци и Риби
Припадниците на овој знак тежнеат кон сигурност во љубовната врска, па посебно сакаат да се приоритет кај партнерот. Ги одбиваат луѓето кои претерано се грижат и пренесуваат негативна атмосфера, како и луѓе кои се склони кон манипулација. Најлош љубовен пар се со Близнаците кои се малку изгубени за нив, но и со Рибите кои ненамерно ќе ги повредат. Лоша комбинација се и со Јарците кои сакаат да доминираат исто како и Лавовите.
За Девицата лоши се Овните, Вагата и Водолијата
Девиците со голема сигурност ги одбираат своите љубовни партнери. Сепак, тешко ја донесуваат одлуката за кој ќе се врзат трајно, а ги одбиваат пасивни луѓе кои постојано се грижат само за себе. Најлоша комбинација се со Овните кои кон нив се поставуваат шефовски, како и со Вагите кои не ја разбираат критичноста на Девиците. Тешки љубовни ситуации имаат и со Водолиите заради постојаните кавги.
На Вагите не им одговараат Девици, Скорпии и Ракови
Припадниците на овој знак го ценат мирот и сигурноста, па невозвратената љубов знае лесно да ги изнервира. Ги одбиваат партнери кои лажат и во кои немаат доверба. Затоа лоша комбинација се со комплицираните Девици, како и Скорпиите кои по природа се песимисти. Нема да се сложат добро и со Раковите, затоа што имаат премногу традиционални мислења за нив.
Скорпиите се лоша комбинација со Овенот, Стрелецот и Близнакот
Скорпиите се полни со страст за животот, па сакаат врски кои ќе ги исполнат и ќе им до надополнат карактерот. Одбиваат агресивни поединци кои сакаат да се истакнат. Скорпиите се лоша комбинација со темпераментните Овни, но и Близнаците кои сакаат да предизвикуваат љубомора. Со Стрелците никогаш нема да се чувствуваат сигурно, па затоа ги избегнуваат љубовните врски со овој знак.
За Стрелците најлоша е врската со Бик, Рак и Девица
За Стрелците важи правилото сè или ништо, а во недефинираните односи сакаат да си играат со чувствата. Ги одбиваат луѓе склони кон меланхолија и кои не знаат што сакаат со себе. Стрелците се најлоша љубовна комбинација со Биковите кои се премногу посесивни, како и со Раковите на кои им недостасува спонтаност. Ништо подобар пар не се ни со Девиците кои претерано многу критикуваат.
На Јарците не им одговараат Овни, Бикови и Стрелци
Јарците се тешат со тоа дека љубовта не им е важна, но тоа им е само одбранбен механизам. На состаноците се однесуваат како детективи, а ги одбиваат партнери кои немаат самоконтрола. За Јарците лоша комбинација се Овните кои се нестрпливи и доверливи, како и Близнаците кои немаат идеали. Ништо подобра комбинација не се ни Стрелците, кои се потполна спротивност на Јарците.
Водолиите не си одговараат со Биковите, Раковите и Девиците
На Водолиите не им е проблем да се заљубат, проблемот настанува кога ќе се почувствуваат дека ја губат својата слобода. Ги одбиваат неморални и предвидливи лица. За Водолиите лоши љубовни партнери се Биковите кои не нудат стабилност, како и Раковите кои се по малку здодевни. Водолиите не успеваат ни со Девици кои вообичаено сакаат да воспостават ред во туѓиот живот.
Рибите се најлоша комбинација со Овенот, Лавот и Близнакот
Припадниците на овој знак се во потрага по идеален партнер кој ќе им овозможи љубов од соништата, но често пати одбираат партнер кој се однесува неразумно и детски. Ги иритираат површните погледи на животот. За Рибите најлоши партнери се Овните кои се агресивни, исто како и Близнаците кои немаат доволно разбирање. Не се сложуваат добро ни со Лавовите кои ќе се обидат да манипулираат.