
Утре и во среда ќе има локален дожд со појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен западен и југозападен ветер, кој повремено ќе достигнува брзина и над 70км/час.
Потоа од четврток во поголемиот дел од земјава ќе преовладува стабилно и потопло време, а во источните делови е можна изолирана појава на краткотраен дожд.
Денес ќе преовладува сончево и топло време, попладне со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен југозападен ветер.
Максималната температура ќе биде во интервал од 21 до 27 степени.