
Довчерашниот технички министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски во директен контакт ги координира опозициските платеници кои изминатиов период секојдневно уништуваат спомен-обележја, пишува порталот Денешен.мк.
Покрај секојдневното вандализирање на спомен- обележјата и фасадите на државните институции, опозициските вандали и хулигани изминатиов период жестоко удрија и врз македонските полицајци во таканаречената шарена револуција, за која деновиве во јавноста излегоа јасни докази дека станува збор за платеничка револуција.
-Во насилните напади кои следеа веднаш по одлуката на претседателот Ѓорге Иванов беа повредени десетина полициски службеници, а Спасовски од функција на министер не направи ништо за да ги заштити македонските полицајци. Македонската полиција беше мета на соросовите платенички орди кои кршеа, палеа и жестоко ја напаѓаа, а претходниот министер Спасовски не мрдна ни со малиот прст за да ги санкционира хулиганите, пишува Денешен.