
Закажаната средба со граѓански и невладини организации која утринава требаше да се одржи во ЕУ инфо центарот е откажана. На средбата претставниците на граѓански и НВО организации требало да дискутираат со претставници на ЕУ за политичката состојба во Македонија.
И покрај обидот на ЕУ да направи дијалог меѓу НВО, на само еден час пред почетокот, средбата беше откажана. Најголем број од невладините најавија дека нема да присуствуваат на истата, поради присуството на претставникот на Граѓанското движење на одбрана на Македонија, Александар Пандов, пишува Курир.
Невладините на Сорос со ваквото однесување го покажаа вистинското лице, што пак е спротивно на сè она што јавно го говорат и за што велат дека се залагаат покажувајќи го своето лицемерие. Во својата изјава пред канцеларијата на ЕУ инфо центарот истакнаа дека тие се борат и залагаат за демократизација на општетството, а одбија соочување на ставови и мислења и дебата.
Во врска со откажаната дебата со коментар преку социјалните мрежи се огласи и Пандов.
-Со големо жалење сакам да ја информирам македонската демократска јавност дека денешната дебата закажана во ЕУ инфо центар е откажана. Да појаснам дека на дебатата бевме поканети 30-тина граѓански и невладини здруженија од кои само јас како претставник на ГДОМ, а сите останати како подржувачи на Протестирам. Темата беше улогата на граѓанскиот сектор во политиката. Поради закани за бојкот, а и најавени протести на “шарените” пред ЕУ канцеларијата заради моето присуство како претставник на ГДОМ од безбедносни причини дебатата е откажана. Па морам да прашам, до толку ли се плашат од мене и ГДОМ “шарениве” или толку им е демократскиот капацитет за разговор и дебата?, пишува Пандов на социјалната мрежа Фејсбук.
Со ваквото однесување на невладините на Сорос, станува се поочигледно дека сакаат монопол врз цивилниот сектор и дека нивната борба за демократија е лажна, пишува порталот.