
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, кој претендира да ја преземе власта, но не на демократски начин, и вечерва како дел од т.н. Шарена револуција, ги покажа своите политички и демократски капацитети.
Заедно со групата демонстранти кои секојдневно уништуваат објекти на државни институции и споменици, изградени пред се’ во времето на актуелната владејачка структура, Заев вечерва фрлаше боја по фасадата на Министерството за Правда.
Покрај него, тоа го сторија и неговите сопартијци Радмила Шекеринска, Петре Шилегов, а во редот, „случајно“ се најде и бизнисменот и опозиционер Фијат Цаноски.
Видео: „Радио Слободна Европа на Македонски“