
Косово е на петто место на списокот на земјите од светот од каде најмногу лица заминале да се борат на страната на терористичката ИД.
Ова произлегува од статистиката за 2015 година на Индипендент.
– Индипендент објави статистика околу учеството на странци кои војуваат на страната на ИД подредувајќи го Косово на петтото место, со 83 борци.Прв е Јордан со 315 лица,втор е Тунис,со 280,со 107,па Саудиска Арабија, четврта е Босна и Херцеговина со 92 лица кои ја напуштиле земјата за да се борат на страната на ИД,во Сирија и Ирак,- пишуваат косовските медиуми, пренесува МИА.
Албанија е на седмото место со 46 свои граѓани кои се борат на страната на ИД, додека земјите од каде има најмалку државјани на боиштата во Сирија и Ирак, се Кувајт со 23 и Франција со 18.