
Како што јавија италијанските медиуми, поради уривање на потпорниот ѕид се одронил дел од шеталиштето во широчина од седум метри и должина од околу 200 метри, меѓу познатиот мост од 14-от век Понте Векио и мостот Понте але Грацие.
Претсавник на локалните власти информира дека при инцидентот нема жртви, но дека се оштетени 20-тина автомиобили кои биле паркирани на шеталиштето. Дел од возилата завршиле во водите на Арно.
Противпожарната служба соопшти дека уривањето на ѕидот и на шеталиштето било предизвикано од водата кој истекла од една пукната водоводна цевка.