
Македонската асоцијација на новинари (МАН) смета дека отпуштањето на новинарите од телевизија Телма е непрофесионална одлука без однапред познати и посочени критериуми според кои 12 новинари останаа без работа преку ноќ.
МАН бара телевизија Телма да ја преиспита одлуката, да објави критериуми и потоа да разговара со новинарите. Бидејки се работи за новинари кои се во телевизја Телма повеќе од 10 години во случај на отказ треба да се даде неколкумесечен период до отпуштањето или еден вид на апанажа.