
Летот на „Туркиш Ерлајнс“ на линијата Истанбул – Лондон денеска е пренасочен во Србија и слетал на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград откако во авионот е пронајден мобилен телефон чиј сопственик е непознат.
– Неопходните безбедносни контроли се во тек, соопшти турската авиокомпанија.
Како што наведуваат од авиокомпанијата, се работи за авион од типот „Боинг 777/300ЕР“, со 300 патници на летот ТК1979.