
Комплексот на Факултетите и Ректоратот на УКИМ во општина Центар утре ќе останат без вода.
По известувањето добиено од ЈП Водовод и Канализација, РЦУК Скопје ги известува граѓаните дека на ден 27.05.2016 г. (петок), поради изведување на водоводен приклучок на водоводна мрежа со пречник ф-175 мм на Бул. Крсте Мисирков бб, во периодот од 08:00 часот до завршувањето на интервенцијата, без вода ќе останат објектите од комплексот на Факултетите и Ректоратот на УКИМ во општина Центар.