
Македонската медиумска асоцијација со своите членки Аласат М, Канал 5, Алфа, Сител и Телма ја искажува својата остра реакција за некоректното и еднострано известување на дел од медиумите и електронските публикации.
ММА смета дека никој нема право да се меша во внатрешното организирање и работење на една приватна компанија, во овој случај телевизија која е наша членка, се вели во соопштението на ММА.
ММА го осудува мешањето на политичката партија СДСМ во внатрешното организирање и работење на Телма и се смета дека се прави само штета на процесот на финансиска стабилизација и реорганизација на телевизијата, се додава во соопштението.