
Жозе Мурињо потпиша договор со Манчестер Јунајтед за да ја преземе функцијата менаџер на клубот, а се очекува оваа информација официјално да биде објавена во петок, пишува британски „Гардијан“.
Португалецот и неговиот агент Хозе Мендес, преговараа со Ед Вудвард, извршниот заменик претседател на клубот во текот на изминатата недела, а 53-годишниот стратег конечно денес го потпишал договорот.
Неофицијално, договорот е за период од три години.
Ианку, Луиз Ван Гал по двете неуспешни години на Олд Трафорд во понеделникот и официјално си замина од клубот.