Надал се повлече од Ролан Гарос

На вонредната прес-конференција Надал го потврди повлекувањето поради повредата, која го мачи подолг временски период.

– Вчера примив инјекција против болки и така настапував. Знам дека нема да можам да го завршам турнирот во оваа состојба. Постоеше опасност да добијам скршеница ако продолжам да играм. Операција не е потребна и се надевам дека ќе бидам подготвен за Вимблдон, изјави Надал.

Шпанецот, кој беше четврти носител на турнирот, во првите две кола на убедлив начин стигна до победите на Сем Грот и Факунд Бањис, но го предаде мечот на сонародникот Марсел Гранољерс.