
Во Меморијалниот Центар Никола Кљусев, пред Домот на АРМ во Скопје, денеска од 9 до 14 часот се одржува настан под мотото „Се грижиме за здравјето“.
Овој настан е во организација на ОК на ВМРО-ДПМНЕ- Центар, а во соработка со еминентни стручни медицински лица во насока на континуирана грижа за здравјето на целокупното население и унапредување на квалитетот на здравствената заштита.
Притоа се организираат бесплатни превентивни прегледи на сомнителни дамки на кожата, мерење на крвен притисок и испитување на шеќер во крвта.