Поради сомнителен пакет евакуирана метро станица во Милано

Метро станица во Милано е евакуирана поради сомнителен пакет. Настанот се случува во пресрет на Лигата на Шампиони на УЕФА, а полицијата исто така затворила и две метро линии, додека да се расчисти ситуацијата, јавува „Раша Тудеј“.

Италијанските медиуми јавуваат дека двете линии биле сопрени на еден час утрово откако безбедносните камери снимиле жена како остава пакет на скалите на метро станицата Пиаца Кадрона.

Британски „Индепендент“ пишува дека на евакуираната метро станица биле најдени пакетите во кои што имало подароци за бебе.