
Стевананџија и реплицираше на колешката Десковска и притоа посочи дека светот се смее на Република Македонија поради погубните политики на СДСМ кои што имаа за цел да ја сквернават и оцрнат Македонија, нејзината историја и македонскиот народ,
-Велите светот ни се смее. Да, светот ни се смее, дел од комшиите ни заблазнуваат поради тоа што се случува во Република Македонија и иронично ни потфрлаат. Светот ни се смее дека имаме една опозиција која што не ги признава институциите, опозиција која што не си го признава сопствениот народ , опозиција која што ја уништува својата историја. Опозиција која што ликува и им аплаудира на оние кои што ги уништува спомениците од АСНОМ, оние што ги уништуваат спомениците од Филип Втори, оние кои што го сквернават киното Манаки, желба на битолчаните повеќе до 60 години. Затоа светот ни се смее колешке Десковска. Светот ни се смее заради тоа што излегувавте овде и зборувавте за изборен криминал. Светот ни се смее дека кажувавте дека имаме 500 илјади фантомски гласачи на крајот таа бројка да се сведе на 0. Светот ни се смее дека тврдите дека нема независни медиуми, а има електронски и пишани медиуми на кои што не сте повеќе од 10 часа дневно. Една е вистината, вие се плашите од избори и се плашите од македонскиот народ и тоа е со причина бидејќи освернавивте и оцрнивте се што е позитивно во Република Македонија, реплицираше Стевананџија до Десковска.