
Единствен политичар, значи за ниту еден друг политичар во моментов нема активна аболиција која што стопира постапка, е Зоран Заев. Затоа немојте да се чукате во гради туку отидете во СДСМ и и расчистете го тој случај. Дали ќе го убедите Заев да побара да се укине аболицијата за Глобал или нема да побара, ваша работа. Но, немојте да не ставате сите во ист кош. Сите други политичари беа деаболицирани и може да си следи постапка онака како што ќе ја утврдат институциите, посочи координаторот на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски.
Во своето излагање Димовски додаде дека со помилувањето ос страна на Претседателот ЃорЃе Иванов во ниту еден случај не е прекршен Уставот. Напротив, токму двете судијки кои биле назначени на предлог од Бранко Црвенковски, судијките Габер и Старова во своето издвоено мислење тврдат дека членот 11 е вратен во сила, а со самото тоа и полилувањето не е во спротивно со Уставот на Република Македонија.
Дозволете ми да ви прочитам еден документ. Особено интересно е со укинувачката интервенција на член 10 од Законот за изменување и дополонување на законот за помилување, се враќа во примена член 11 од Законот за помилување кој уредува дека претседателот на републиката по исклучок мора да дава помилување и без спроведување на постапка за помилување пропишано со овој закон и да тоа е во интерес за републиката или кога посебни околности што се однесуваат на личноста или кривичното дело укажуваат дека тоа е оправдано. Преку укинување на измените на законот овој член повторно се враќа во сила, а тој овозможува Претседателот да помилува одредено лице без воопшто да се спроведе законски пропишана постапка во случај тој да смета дека е оправдано. Пошитувани колеги, овој документ го потпишале, како издвоено мислење двете судијки на Уставниот суд кои што беа избрани по предлог на Црвенковски, госпоѓа Габер и госпоѓата Старова. Значи врз база на нивен документ на издвоено мислење тие самите тврдат дека членот 11 е вратен во сила, додаде Димовски.