
Најмалку четири лица денеска загинаа, а 19 се повредени во експлозија во Силопи, југоисточна Турција.
Меѓу повредените петмина се припадници на безбедносните сили.
Силопи, каде поголемиот дел од населението се Курди, е град во провинцијата Ширнак, во близина на границата со Ирак.
Од минатата година, по неуспехот на примирјето меѓу Курдската работничка партија (ПКК) и безбедносните сили, се интензивираа судирите.