
Денешното судење на членовите на Левица, Здравски Савески и Владимир Куновски, обвинети за демолирање на канцеларијата на Иванов повторно е одложено. Одбраната на обвинетите се уште не го добила вештачењето со што не може да ја подготват листата докази за денеска, објави Нова ТВ.
Како што тврди адвокатот Сашко Дуковски вештачењето е битен елемент за тие да можат да ја подготват одбраната. Досега вештачење добил само еден од обвинетите и тоа вчера попладне.
Обвинтелката Снежана Бундалевска посочи дека одбраната можела да се координаира со клиентите и денеска да дојде подготвена на судењето, освен како што таа посочи „ако не се работи за тактизација“.
Судот го одложи рочиштето за 10 јуни.