
Познатата македонска манекенка, водителка и лото-девојка Наталија Грубовиќ се омажи изминатиот викенд во белградскиот хотел Метропол Палас“ со бизнисменот од Нови Сад, Дрен Глушац.
На веселбата имало и многу пријатели на Натали од Македонија.
Двојката ќе живее во родниот град на младоженецот, Нови Сад. Грубовиќ веќе неколку години живее и работи во Србија, а македонската јавност ќе ја запамети како лото и бинго девојка која беше во тандем со македонскиот шоумен Игор Џамбазов.