
Иако Депротиво оваа сезона обезбеди опстанок во Примера, сепак само осум победи и 15.место не беа доволни тренерот Санчез да ја добие довербата од раководството и во новата сезона да го води клубот.
– Донесовме одлука да ја прекинеме соработката со Виктор Санчез. Му се заблагодаруваме за неговиот досегашен ангажман и посветена работа и му посакуваме успех во понатамошната кариера, се вели во соопштението.
За 40-годишниот Санчез, тренерската позиција во Ла Коруња беше прва, откако претходно работеше како асистент во Олимпијакос, Севиља и Хетафе.