Голем љубовен хороскоп за јуни

Овен

Се до 17-ти јуни, Венера, планетата на љубовта и владетелот на куќата на двојките на Овнот е во третата куќа на знакот. Со присуството на Венера во 3-тата куќа сите неочекувани средби може добро да поминат и влегувањето во нова врска може да се темели на заеднички интелектуални интереси.Но, Венера е во лоша положба поради Сатурн, Јупитер и Нептун, поради што вашиот љубовен живот ќе претрпи разни блокади, збунувачки ситуации или претерани емотивни реакции. По 17-ти јуни Венера влегува во мошне помирна куќа. Од тој датум понатаму ќе има повеќе задоволства, блискости и ќе тежнеете да изградите постабилен и посигурен однос. Саканата личност, семејството и домот ќе бидат во прв план.

Бик

Марс се врати во куќата на партнерствата на Бик, низ која поминува со ретроградно движење и тука останува до 30-ти јуни, а тогаш продолжува да се движи директно. Во тој период може да се очекуваат критични моменти што ги ставаат на тест врските. Се бара доброто и лошото преку односот. Она што има вредност ќе преживее и ќе се засили. Она во што не се препознава вредност ќе се распадне. Но немојте да ги брзате работите! Кон крајот на јуни ќе можете да ги донесете најдобрите одлуки, затоа што тоа е времето кога ќе ги имате сите потребни аргументи, вистинските заклучоци и кога ситуацијата станува појасна. Освен тоа, во првиот дел од месецот на врската ќе влијае финансиската состојба. Во вториот дел од месецот односот се темели на комуникација. Јуни може да донесе и обнова на односот.

Близнаци

Јуни е многу подобар месец, за разлика од претходните месеци за вашиот љубовен живот. Нештата почнаа да се подобруваат во последната недела на минатиот месец кога се случија две значајни работи: Марс излезе од куќата на двојките на Близнаците (не брзајте со заклучокот, повторно се враќа во јуни!) и Венера, планетата на љубовта, влезе во Близнаци. Со излегувањето на Марс од куќата на двојките на Близнаците ќе биде опуштено и без многу напнатост во вашиот љубовен живот. Венера со своето доаѓање во вашиот знак носи и нови љубовни прилики, повеќе страсти и среќа во врската или во бракот. Венера ќе престојува во Близнаци до 17-ти јуни и дотогаш треба да ги искористите овие поволни околности. Вториот дел од јуни е исто така поволен, но повеќе за домот и финансиските прашања.

Рак

Кон крајот на минатиот месец Марс се врати во куќата на страстите на Рак, само што сега е ретрограден и нештата ќе се променат во текот на јуни. Марс отвора цела палета стари емотивни прашања во љубовниот живот или ќе се најдете во необична љубовна ситуација, понекогаш покомплицирана, тешка, што ве тера да размислите за темите за слободната љубов, авантуа, или дури мајчинство или татковство. Марс почнува да се движи директно на 30-ти јуни. Дотогаш не треба да носите важни одлуки во љубовниот живот, затоа што сложувалката нема да биде сложена, а некои делови ќе недостасуваат или целата ситуација ќе се сврти на неочекуван начин. По 17-ти јуни ситуацијата почнува да се поправа, тогаш Венера ќе влезе во вашиот знак.

Лав

Што се однесува до љубавниот живот јуни не е мошне великодушен кон Лавовите. Во првиот дел од месецот ќе се забавувате, многу ќе се дружите и врската ќе го задржи балансот или барем така ќе и’ изгледа на околината, но нема да бидете задоволни во целост. Напнатите ситуации и некои нешта ќе ве загрижуваат и ќе ви пречат. Ќе имате одредени  сомнежи. По 17-ти јуни може да дојде до фрустрации, разочарувања, оддалечувања или разни ограничувања. Од друга страна ниту во домот нема да биде мирно. Може да дојде до непријатни и стресни ситуации поврзани за семејните прашања, финансии, родители и разни обврски.

Девица

Во текот на јуни планетите се великодушни кон вашиот љубовен живот. Јупитер, владетелот на куќата на двојките на Девицата ќе остане во знакот, а Венера планетата на љубовта е подеднакво исто сместена. Во текот на првиот дел на месецот, Венера е во 10-тата куќа на Девицата, на едно од најдобрите можни места и носи дополнителна сила, но може на некој начин љубовниот живот да го поврзе со бизнис животот. По 17-ти јуни Венера доаѓа во 11-тата куќа. Исто така, оттаму Венера ќе формира хармоничен аспект со Јупитер. Се зголемуваат можностите за љубов. Оние што се во врска може да очекуваат љубовта да процвета благодарение на нежноста, грижата, хармоничниот однос и оптимизмот. Ова е поволен период за планирање на иднината.

За другите знаци повеќе на следната страница…