Голем љубовен хороскоп за јуни

Вага

Компликациите во вашиот љубовен живот во текот на јуни може даз продолжат. Причина за тоа е ретроградното движење на Марс, вчадетелот на куќата на партнерства на Вагите. Настаните може да бидат прилично стресни. Сепак се чини дека ова е само привремена состојба во текот на јуни. Заработките и финансиските прашања се мешаат во љубовниот живот. Можеби сте заедно со партнерот пред некој финансиски предизвик или вашиот партнер има таков проблем што ја нарушува хармонијата во вашиот однос. Инаку, првиот дел на јуни поттикнува романтични патувања, духовни теми меѓу партнерите и ја охрабрува љубовта на далечина. Вториот дел од месецот се поврзува вашиот однос со кариерата или со општествените активности.

Скорпија

Во љубовниот живот, првиот дел од месецот јуни нема да биде пријатен, затоа што Венера, владетелот на куќата на двојките на Скорпиите е во вашата 8-ма куќа. Оваа положба на Венера носи голем број стравови, грижи, сомнежи, љубомора и обесхрабрува. Претерано ќе ја анализирате секоја ситуација. Направете се што можете за напнатата ситуација да не се влоши, посебно во овој период кога Марс во Скорпија е ретрограден. Фрустрациите мошне лесно доведуваат до конфликти, затоа бидете внимателни. На 17-ти јуни Венера влегува во 9-тата куќа на Скорпија, што е многу поудобна и многу подобра положба. Ситуацијата во вашата врска станува поопуштена и попозитивна. Тогаш ќе ве привлекуваат заеднички духовни или културолошки теми. Може да се случи да се впуштите во романса со некој што е од далечна земја или би можеле да тргнете на пат поради љубов.

Стрелец

За вас јуни во целост ќе ги отвори вратите на љубовта. Со Сонцето и со Венера во куќата на двојките на Стрелецот, првите две декади на јуни носат голем број нови прилики. Сонцето ви дава енергија и ја нагласува важноста на партнерскиот однос и затоа саканата личност ќе биде центар на вашиот свет. Сите ваши желби и планови ќе се вртат околу саканата личност. Венера видно ја засилува вашата жед за љубов и за страст. Ако сте во врска или во брак, можете да очекувате хармоничен и убав однос со голем број угодни и исполнителни заеднички моменти. Од 13-ти до 30-ти јуни низ куќата на двојките поминува Меркур, ја поттикнува комуникацијата меѓу вас и саканата личност и може да донесе голем број значајни и посебни средби и патувања.

Јарец

Првиот дел од јуни е прилично едноличен. Недостатокот на време и големиот број обврски ќе влијаат врз вашиот љубовен живот. Во најдоброто сценарио ќе работите заедно со саканата личност (работа, обука) или заедно вложувате напор за остварување на заеднички цели. Постои можност и за романса на работното место или романса која има врска со работата. Во вториот дел на месецот ситуацијата драстично се менува. Венера, планетата на љубовта и хармонијата, на 17-ти јуни влегува во куќата на двојките на Јарец. Односот со саканата личнсот станува понежен, поисполнет и полн со разбирање. Ќе бидете емотивно поотворени и за другите, но и за оние што не се во врска и ќе ви се отворат нови можности за влегување во нова љубовна врска.

Водолија

Сензуалноста пристигнува во бранови во текот на јуни. Низ куќата на љубовта на Водолијата поминуваат Сонцето, Венера и Меркур. Сонцето носи виталност и енергија, Венера романси, флерт и љубов, а МЕркур склоност кон експерименти и новости. Под ваквото влијание јуни е отворен за сите можности: запросувања, нова љубов, обнова на врска, истражување на нови можности, впуштање во нови љубовни искуства. Можете да очекувате голем број забави, затоа што јуни ви ги носи сите можни уживања. Тука и таму може да дојде до препреки, но ако сакате да бидете среќни тогаш не е вредно да им посветувате многу внимание.

Риби

Во првиот дел на јуни ќе бидете насочени на домот и семејството. Веројатно, заедно со партнерот сте окупирани со домот или повеќе се дружите со родителите и со роднините. За вашата емотивна стабилност, ќе ви треба приватност, мир и сигурност. На 17-ти јуни планетата на љубовта Венера величествено влегува во куќата на љубовта на Рибите. И на 21-ви јуни и се придружува Сонцето. Сонцето ја засилува моќта на страстите. Венера носи сензуалност, романтика и моќ на заведување. Исто така, Венера носи и можности и создава поволни околности за љубов. Ова е период што ветува многу за вашиот љубовен живот, посебно кога Сонцето и Венера се во добар однос со Јупитер, што е сместен во куќата на двојките на Рибите.