
„Ова е блокада за правда и слобода. Ова е блокада против аболиции за криминалци. Ова е блокада за граѓанскиот глас да продре подлабоко во системот кој е окупиран од режим. Ги замолуваме сите граѓани за трпение и за поддршка!“ – велат демонстрантите на опозицијата.
Ваквиот чекор доаѓа на само еден ден откако полицијата го запре комбето на СДСМ управувано од возачот вработен во опозициската партија во кое беа пронајдени бои и опрема за уништување и сквернавење на спомениците и објектите низ Скопје. Познавачите на состојбите сметаат дека блокадата на крстосниците е чекор кој СДСМ и СОРОС го преземаат соочени со фактот дека доаѓа летниот период во кој нивните активисти ќе заминат на одмор и ќе останат без никаква поддршка, пишува Курир