
Во Париз реката Сена се прелеа преку насип, а поплави погодија и други градови од Франција.
Во Париз се затворени патишта долж брегот на Сена, од југозападниот дел на градот до областа околу Ајфеловата кула, каде нивото на водата е за 4,3 метри зголемено во однос на вообичаеното.
Градските власти ги предупредија жителите и посетителите да бидат внимателни во близина на брегот бидејќи водостојот ќе продолжи да се зголемува до петок.
Националната метеоролошка служба синоќа прогласи тревога во северните области и портокалово предупредување во пет департмани поради поплави.