
Во мултимедијалниот културен центар „Матица екслузив“, во четврток во 12 часот ќе се одржи промоција на книгата со критики и есеи „Светлинска“ од проф. д-р Кристина Николовска, издание на издавачката куќа „Силсонс“ од Скопје.
На страниците од своето најново дело во девет тематски циклуси авторката застапува трисет и два прилога посветени на круцијални теми од областа на литературата и на творештвото на истакнати македонски и балкански автори.
Изданието ќе го промовира поетот и литературен критичар Ефтим Клетников.