Охрид домаќин на Македонско – Чешки Бизнис Форум

Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески, денеска прими висока делегација предводена од директорот на Одделот на канцеларијата на чешкиот претседател, Јиндриц Форејт, амбасадорот на Република Чешка во  Република Македонија, Мирослав Рамеш  и економски советници од чешката влада.

Повод за работната средба беше  македонско – чешкиот Бизнис Форум што на 9-ти и 10 јуни се одржува во Охрид а на кој ќе учествуваат, претседателот на Р. Чешка  , Милош Земан, претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, познати чешки бизнисмени и новинари од најпознатите медиуми од оваа земја.

mak-cesh-biz-forum-2

Градоначалникот, Бакрачески изрази уверување дека општината ќе даде целосна логистичка поддршка за организација на овој  значаен меѓународен настан и дека Охрид како град домаќин ќе направи се за пријатен престој на гостите.

На средбата беа разгледани сите детали околу одржување на претстојниот Бизнис Форум, а беше истакнато и дека убавините на Охрид и неговите специфики ќе најдат значајно  медиумско место  што секако би значело одлична промоција на градот и земјава во Чешка.