
СДСМ бара од Уставниот суд итно да се произнесе за иницијативата околу уставноста на Законот за Специјалното јавно обвинителство и одлуките за аболиција од страна на Иванов веднаш и целосно да бидат поништени.
Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ изјави СЈО мора да биде оставено независно да ја врши својата работа.
– Една од најголемите придобивки на Договорот од Пржино е формирањето на Специјалното јавно обвинителство, изјави Манчевски и додаде дека суштинската цел на постоење на СЈО е да се врати владеењето на правото.