Во полицискиот билтен денес се забележуваат две несреќни ситуации во училишта во Скопје. Во две училишта имало тепачки меѓу учениците.
На 01.06.2016 година околу 10:00 часот во ЕИК-Скопје, било пријавено дека во училишниот двор од ОУ„Панајот Гиновски“ двајца малолетници на возраст од 14 години биле физички нападнати од повеќе ученици од ОУ „Петар Здравковски Пенко“ по што го напуштиле местото на настанот. Се преземаат мерки за целосно расчитување на случајот.
На 01.06.2016 година околу 10:30 часот во Скопје, во ОУ „26-ти Јули“ пријавено е дека имало нарушување на jaвниот ред и мир со тепачка помеѓу повеќе ученици од истото училиште. Се работи на целосно расчистување на случајот.