
Брод со засега непознат број на мигранти се преврте во водите во близина на отровот Крит.
Во тек е спасувачка операција, а грчката крајбрежна стража информира дека бродот бил лоциран 75 наутички милји јужно од Крит, во меѓународни води и оти досега се спасени 250 лица.
Како што јави дописникот на МИА од Атина, во операцијата за спасување учествуваат четири бродови, два грчки патролни чамци и два хеликоптери.