
Кривична пријава е поднесена против В.И. (45) и И.К. (47), двајцата од Скопје, поради постоење сомнеж за сторено кривично дело „фалсификување пари“.
СВР Охрид поднесе пријави затоа што на 25.03.2016 година, во Охрид на бензинска пумпа пријавените при купување на цигари пуштиле во оптек фалсификувана банкнота од 500 денари. ПС Струга поднесе пријави затоа што пријавените во април и мај 2016 година во Струга во четири наврати, при купување производи во четири продавници, пуштиле во оптек седум фалсификувани банкноти во апоени од по 500 денари.