Тројца разбојници вчера влегле во стан на улицата „Славка Димкова“ во Скопје и украле куче раса пинч.
Тие влегле во дневната соба преку незаклучената врата, се претставиле дека се од полиција и го земале кучето.
Кучето каснало за рака едно од лицата, а кога жената која живее во станот се обидела да го спречи била турната на подот.
Од МВР велат дека мреземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.