ФОТО: Републичка пензионерска ревија на песни, музика и игри 2016

Републичката пензионерска ревија на песни, музика и игри 2016 се одржа денеска во Дом на АРМ. Ревијата се одржува по шестти пати и е во организација на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија (СЗПМ), под покровителство на Министерството за култура на Македонија.

Penzionerska revija (5)

На Манифестацијата присуствуваа градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, како и претседателот на Сојузот на здруженија на пензионери на Република Македонија, Драги Аргировски.

Министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска рече дека манифестацијата е одраз на посветеноста, истрајноста и длабоката почит кон трајните вредности на културата кои се наше национално обележје и ангажманот на сојузот на пензионери и на сите 52 здруженија кои со години даваат искрен придонес во негувањето на богатата македонска етнокореолошка традиција, нашиот староградски фолклор и изворното творештво.

Ревијата на песни, музика и игри ги промовира нашите наследни вредности кои ги потврдуваат македонскиот културен идентитет и творечката автентичност на македонското поднебје. Таа е убав повод пензионерите од сите градови во Македонија да се дружат меѓусебе и да го пренесат на младите генерации своето искуство и вредностите врз кои понатаму треба да се гради нивната иднина, рече Милевска.

Penzionerska revija (4)

Големо е задоволството да се биде денеска овде, во Дом на АРМ, на одржувањето на Републичките ревии на песни, музика и игри, кои ги организира Сојузот на здруженијата на пензионерите на Град Скопје. Оваа манифестација која е плод на заложбите на највозрасната, но и најмудрата генерација за негување на нашата богата традиција, е резултат на силната желба, посветеност и длабока почит на пензионерите кон трајните вредности на културата како наше национално и културно обележје. Сама по себе е значајна и поради тоа што дава можност за дружење, социјализација и подолг и поквалитетен живот на пензионерите. Токму затоа, имајќи ја во предвид оваа успешна мисија на пензионерите и нивниот придонес во обновувањето и негувањето на културните традиции, Министерството за култура, Републичката ревија ја прогласи за манифестација од посебен национален интерес на културата на нашата држава. Дозволете ми во оваа пригода, да истакнам дека, сум особено горд на одличната соработка којашто  Градот Скопје ја има остварено со Министерството за труд и социјална политика и со  Сојузот на здруженија на пензионери. Соработка која се базира на меѓусебен договор и заемно учество во реализација на разни програми и активности кои имаат за цел остварување на поквалитетен живот на пензионерите, истакна градоначалникот Трајановски.

Penzionerska revija (3)

За нас пензионерите, коишто денеска го славиме големиот јубилеј -70 години од формирањето на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија,  ваквите активности се значајни, бидејќи ни го исполнуваат животот и сме задоволни и во нашето трето доба. Годинава на оваа ревија ќе настапат 600 учесници од целата држава, истакна претседателот на Сојузот на здруженија на пензионери Аргировски.