
Утре попладне ќе има локална појава на пороен дожд со ретки грмежи во јужните делови.
Во четврток и петок нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер ќе биде на повеќе места, особено во западните делови од земјава. За време на викендот ќе биде претежно стабилно и потопло.
Сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, особено во југоисточните делови. Ќе дува слаб до умерен, а во горниот тек на Повардарието и во Пелагонија повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 29 степени. УВ=7