
Хрватската музичка икона зачекори во осмата деценија од животот, а со годините ѝ се појавиле и здравствени проблеми. Таа има проблем со слухот.
Сепак, пред да го обеси микрофонот на клинец, ќе одработи турнеја во Хрватска, на која ќе го претстави албумот со кој ќе се раздели од публиката „Очи на душата“.
-Нема да се разделувам од никого. Тоа е тажно, а јас не сум тажен човек, вели таа во интервујото за РТЛ.