
Шинско возило во сопственост на „Македонски железници“, кое одело на делот од пругата помеѓу железничка станица Куманово кон железничка станица Миладиновци, на обележан железнички премин со звучна и светлосна сигнализација во селото Дељадровци, удрило во возило „форд фокус“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.О.
Железничкиот сообраќај бил во прекин до 17 часот.
Извршен е увид, а повредени лица за среќа нема.