
За само два дена, в петок на 10 јуни точно во 21.00 часот, почнува Европско првенство во фудбал, кое ќе се игра во Франција.
По пет изданија со 16 репрезентации, сега за европскиот фудбалски трон ќе се борат 24 национални тима.
Проширеното Европско првенство почнува, со претходна свеченост, на преубавата арена Стад Де Франс, со натпреварот меѓу домаќинот Франција и националниот тим на Романија.
Најдобрите европски фудбалски нации се распоредени во шест групи.
Билетите за натпреварите по групи чинат меѓу 25 и 145 евра, зависно од местото на стадионот.
Нетпрес ви го претставува распоредот на натпреварите по групи, но и закажаните тајминзи за нокаут фазите, односно осминафиналето, четвртфиналето, полуфиналето и финалето…