
Во претпладневните часови не очекува сончево време со мала до умерена облачност, попладне облачноста ќе се зголеми и ќе има локален пороен дожд и грмежи, особено во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе се движи од 8 до 14, а максималната од 22 до 27 степени. УВ=7
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност, попладне со зголемена облачност и со услови за краткотраен дожд. Температуратата ќе се движи од 13 до 27° С.
И во петок ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и повремено засилен ветер, особено во западните делови од земјава. За време на викендот ќе биде претежно стабилно и потопло. Од недела попладне до вторник повторно ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд и грмежи.