
Во интерес на вистината и непристасното информирање, ТВ Нова го повика сопственикот на „Космос“, Фијат Цановски, кој иако со години бара соочување со градоначалникот, денеска одбил да дојде.
Телевизијата го објави писмениот одговор од него како образложение зошто не дошол.
Специфичноста за случајот Космос е добро позната на македонската јавност. Јас лично многу пати го повикував градоначалникот за дебата, но не наидов на таа доблест. За среќа во овој период се виде и неговата кредибилност како Градоначалник и кредибилноста на оние кои стоеја зад погубната одлука.
Започна и конечно нормален обвинителски процес во кој сум сигурен дека правдата ќе биде задоволена. Затоа денес сметам дека не треба да се дебатира со човек кој ми наштетил со умисла прекршувајќи ги сите законски решенија.
Во секој момент би присуствувал на дебата со Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, г-динот Никола Груевски, како Претседатели на две политички партии и како луѓе кои носат одлуки за општествена корист или штета.
Соочување со градоначалникот Трајковски одбил и синот на Фијат, Сефер Цаноски кој досега јавно зборуваше за случајот.
Откако пропадна опцијата за соочување на Цаноски и Трајковски, ТВ Нова го покани универзитетскиот професор Мирослав Грчев, кој вооедно е и вештак на СЈО во слуачајот, но тој иако првично прифати, откако извршил одредени консултации соопшти дека за жал не смее да зборува за случајот додека истрагата е во тек.