Младите од Свети Николе се потсмеваат на шарените лаги на Шекеринска (ФОТО)

Зборувањето на Радмила Шекеринска за средната класа, за невработеноста, за социјална држава и владеење на правото повеќе наликуваат на виц отколку на некаква политичка програма во сите места каде сто гостува заменичката на Зоран Заев. Младите од Свети Николе со потсмев гледаат кон шарените лаги на Шекеринска, пишува „Курир“.

rada-prada-1-640x427

Потпретседателката на СДСМ важи за една од најбогатите политичари, препознатлива по скапите возила , гардероба и накит.

kiri-640x360

Изминатиов период таа беше во центар на огромниот скандал во кој што со нејзиниот сопруг сами на себе си ги издавале сопствените станови за кирии и по 5.000 евра месечно, случај за кој што е покрената кривична постапка. Нејзиниот сопруг Божидар Јанковски беше аболиран, па повторно деаболиран за кривичните дела кои му се ставаат на товар.

Граѓаните не ја забораваат и посетата на Шекеринска во Куманово кога се обиде да глуми воодушевеност од традиционалниот македонски пречек со леб и сол, но според видеото само бараше начин незабележано да го плукне лебот.

Жени во народна носија ја чекаа Шекеринска да ја послужат со леб и сол кој Шекеринска откако го зема и се послужи пред камерите, веднаш потоа го плукна. Граѓаните на Куманово беа згрозени од ваквиот срамен чин, за кој коментираа дека покрај тоа што  претставува тешка навреда врз бранителите и борците, исто така е навреда и прекршување на оваа стара македонска традиција која со векови го симболизира гостопримството.